Стопанската комора и бизнис секторот предлагаат преструктуирање на агроиндуструјата
Покрај предложените мерки се укажува на потребата од измена на методологијата на давање субвенции. Мерките треба да го поттикнат развојот на земјоделско-прехранбениот сектор во земјава. .
Стопанската комора предлага конкретни мерки за преструктуирање на агроиндуструјата во земјава. И покрај тоа што ресорното министерството го субвенционира овој сектор имаме нестабилно производство на пченица, сточниот фонд се намалува, а се зголемуваат увозот на овошје и зеленчук со што Македонија од традиционален производител денес е голем увозник, кажа Васко Ристовски од Стопанската комора на РМ.
„Млечната, месната, винската и мелничарската индустрија се клучни подсектори во агроиндустријата со потенцијал за развој и бизнис секторот има концепирано мерки за развој. Проблемите во изминатава година кулминираа во сите 4 сектори и покажаа дека е потребно интервентно решавање на одредени структурни проблеми за да се зачува сточниот фонд, лебното жито и лозарството како стратешка суровинска база па дури пота да се размислува за стимулативни мерки кои ќе носат нов раст“.
Стопанската комора на Македонија предлага мерки за излез од актуелната состојба во агро секторот заедно со бизнис заедницата. Комората излезе со конкретни мерки кои се во насока на драстичен рез и сериозно преструктуирање во земјоделско-прехрамбениот сектор.
„Се наметнува потребата од укрупнување на земјоделските површини, измена на асортиманот е една од мерките кои ги предлага бизнис секторот со кој ќе се подобрат резултатите во земјоделско прехрамбениот сектор. Потребни се сериозни комбинати. Големите системи носат развој и мора да се поддржат. Досегашните политики ги уништија големите комбинати и земјоделски задруги, а ги намали субвенциите за големите компании во овој сектор. Потребно е да се даваат субвенции на предаден кг прозивод на регистриран купувач и на преработувач, а не по површина“.
Резултатите се поразителни во земјоделско прехрамбениот сектор и покрај тоа што за 20 години се инвестирани околу 1 милјарда евра во земјоделството. Инвестирани се 20 милиони евра поддршка во 2006 година , а денес скоро 200 милиони евра. Начинот на субвенционирање мора да се смени за конечено да се разграничат вистинските земјоделци професионалци од оние кои добиваат поддршка, а не прават ништо за развој на производството, порачуваат од Стопананската комора на РМ.