Skip to main content

Стопанската Комора за Туризам усвои нова Стратегија

Стопанската Комора за Туризам  усвои нова Стратегија.

 |  Валентина Неловска  | 
strategija

Стопанска Комора за Туризам на Македонија ја усвои новата Стратегија за развој за периодот од 2015-2018. Целта е да се усогласат чекорите со новите растечки трендови на развој на македонскиот туризам.

avionСе очекува, со имплементацијата на Стратегијата, да се влијае на јакнењето на капацитетите на националната и локалната инфраструктура, составена од сите релевантни чинители и да се придонесе за поврзување на институциите неопходни за развој на туризмот во Република Македонија.

Во пресрет на зимската туристичка сезона, Стопанската комора за туризам апелира до надлежните компании да се одржуваат патиштата, да им се даде приоритет на зимските центри  при одржување на патните правци.
Со навременото чистење на патиштата што водат кон зимските туристички капацитети ќе се придонесе Македонија да биде  препознатлива по одличното гостопримство и грижа за сите туристи  и во зимскиот период.  Дајте ни можност да бидеме добри туристички работници со тоа што ќе овозможите туристите да стигнат до нас,повикуваат од комората.

На единаесеттото Собрание на СКТМ беше организиран и форумот на тема “Меѓусебна соработка на чинителите во туризмот за рецептивен и иницијативен туризам маркирајќи ги проблемите и барајќи решенија и предлози за нив”.