Skip to main content

Со стотина садници се раззелени каналот Студенчишта во Охрид

Еко акција на иницијативата Збогум Буково за намалување на аерозагадувањето.
 |  инфодеск  | 

Со садење на сто садници Чинар, иницијативата Збогум Буково започна зелена офанзива против аерозагадувањето. Наместо да се подарува цвеќе, симболично да се засади дрво за Денот на жената. Со оваа еко акција, што се одржа викендов се раззелени  каналот Студенчишта вдолж пешачката патека, ќе продолжи засадување нови задници за збогатување на зелената инфраструктура во градот.

„ Нашите планови се постојанода реагираме до надлежните, да се бориме за она што е почната иницијативата за решавање на неколкудеценискиот проблем со депонијата во Охрид и формирање на регионална депонија во Новаци. Меѓутоа во меѓувреме преземање мерки и правење зелена инфраструктура, засафдување Чинари и други видови дрва раззеленување секаде каде што нема бидејки градот се гуши во загаден воздух.“– вели Ѓоко Зороски, еколог, член на Збогум Буково.

Садењето Чанар во населени места го намалува влијанието на климатските промени но и загадениот воздух.

„ Знаеме дека со урбанизацијата и со сечењето на дрвајата кое е пракса сегде во земјава неконтролирано и плански многу од нашите дрвореди се уништени. Идејата е да се зголемат зелените површини и да почнеме да размислуваме за тоа што значат урбаните шуми во борбата против аерозагадувањето.“- вели Драгана Карашова еко активист.

Свое дрво си засадија голем број охриѓанки, но и туристки од земјава и странство, а во чест на своите жени и мајки садеа и момчиња и мажи.

Новинар Соња Рилковска