Штрајк во градинката „8 ми март – Струга“
Мирен протест во ЈУДГ 8 ми март“ – Струга.
Дел од вработените во Градинката 8 ми март во Струга, не можејки повеќе да трпат, пред медиумите проговорија за својот проблем. Николче Секуловски готвач, во градинката работи 10 години, но со договор за дело, а последнава година со договор за работа. Тој открива дека 5 години од градинката испраќале барање за негово вработување, но одговорот секогаш бил негативен. Последната плата која ја зел Секуловски била околу 6000 денари и тоа во месец јули годинава.
„Од кога почна договорот на определено, платите ги земаме многу касно. Со минимим три месеци каснење. Инаку службите се дефицитарен кадар, нема кој да ја сработи работата институциите немаат слух за тоа“, вели Николче Секуловски,готвач ЈУДГ „8 ми март“– Струга.
Меѓу лицата кои работат во детската градинка, а не се вработени е и воспитачката Виведете Назифе. Таа вели дека само надежта дека конечно некој ќе го слушне и реши нивниот проблем ги тера да издржат и да одат напред.
„ Две години како работиме. Сега ни кажаа дека немаме ни плати ни договор до јануари. Барем нешто да имаме. Ништо немеме потпишано“, вели воспитачката, Виведете Назифе.
Родителите на дечињата од градинката 8ми март, но и во клоновите Пеперутка и Сонце, комплетно застануваат зад тимот кој ги воспитува нивните деца. Тие велат дека се презадоволни од тоа како се згрижени децата и додаваат дека ќе направат се оваа установа и понатака да работи.
„ Трето дете кое го носам тука во градинка. Мислам дека истиот проблем се провлекува 7 – 8 години. Сите велиме дека децата се иднина на државата. Ако не се добро згрижени нашите деца, тоа не е во ред. Мајката е столбот на општеството. Ако не работи мајката и нема каде да ги носи децата тогаш нема никакво решение.Ние мора да ги носиме децата затоа што одиме наработа. Но како што ние одиме на работа и сме платени, мора и воспитачкте да се платени. Децата да се добро згрижени, но и да се подобрат и условите“, вели родителот Теута Зиба Џиледини.
И Сеат Цинтиќ се сложува со ова. Тој додава дека во моменто второто дете го носи го градинката кое учи на турски јазик.
„Слушаме за проблеми кои се јавуваат и се надевеме дека ќе се надминат, затоа што мора да има услови за малите деца исклучиво како за нив, така и за негователките и учителките што работат тука“, додава Цинтиќ.
И директорката на градинката Зуан Реџепоска, ги поддржува лицата кои бараат вработување во установата. Таа признава дека уште кога застанала на раководната функција го затекнала овој проблем и дека и покрај тоа што се труди да го реши, до овој момент слух од министертсвото за труд и социјала нема.
„Со самото заминување на воспитно воспитувачкиот кадар ќе згаснат групите и многу деца едноставно нема да може да ги примиме. Куварот и благајникот, не се поврзани само со оваа градинка, туку со двете и плус кујната со народната кујна која работи во склоп на нашата градинка од каде се хранат 90 семејства. Досега некое решение имавме од нашиот буџет, заедно со буџетот на локалната самоуправа, но сега нашиот буџет е празен како и од локалната. Тие не подржуваат, но неможат да помогнат“, вели Зуан Реџепоска, в.д директор во ЈУДГ „8 ми март“.
Во интерес на вистината контактиравме и со министрството за труд и социјала. Портпаролот Давор Политов за ТВМ вели дека Владата на Р Македнија прави напори што поскоро да го реши статусот на овие лица во услови кога сеуште се на сила изгласаните анти кризни мерки. Апелираме вели Политов за трпение за да не дојде до нарушување на предучилишниот образовен процес, бидејќи најголемите последици ќе ги сносат децата.
Во градинката 8 ми март во Струга згрижени се околу 380 деца. Директорката вели дека оваа установа има потреба од секаков вид на кадар. Таа додава дека проблемот настанал кога работните места на лицата кои се пензионирани се укинати.
{loadposition content9}