Skip to main content

Штрајкувачки одбор гимназија: „Во понеделник ќе има штрајк“

Од одборот потенцираа дека се оградуваат од било каква политичка конотација на штрајкот, но и дека навремено и според законските прописи истиот го пријавиле кај директорот на гимназијата.

 |  Мишел Наумоски  | 
gimnazija
гимназија

Од понеделник  во охридската гимназија ќе штрајкуваат професорите кои ја поддржаа одлуката на СОНК за штрајк во образованието, вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор на синдикалната организација при гимназијата „Св.Климент Охридски“. Професорот Николески, кој денес беше надвор од градот, во телефонски разговор за ТВМ открива дека тие законската процедура за пријавување на штрајкот ја испочитувале со носење на одлука на одборот за стапување во штрајк. Додава дека одлуката вчера, пред назначувањето на новиот директор била доставена и потпишана од досегашниот вршител на должноста директор на гимназијата, Вера Јовческа.

gimnazija strajk„Дека штрајк ќе има, ќе има штрајк и тоа е договорено и одлучено на состанокот кој се одржа во петокот во 13 часот, меѓу смените. Одлуката беше едногласно од колегите поддржана, е сега бројноста на тоа колку колеги ќе го поддржат штрајкот не ја знаеме, но синдикалната организација при ОСУ „Св.Климент Охридски“ даде поддршка да излезиме на штрајк и да го поддржиме штрајкот од централата.“-вели Ристо Николески, член на штрајкувачкиот одбор при ОСУ „Св.Климент Охридски“.

Николески за одлуката за стапување во штрајк потенцираше дека не е политички мотивирана, туку дека станува збор само за остварување на правата на професорите. Тој смета дека и голем дел од професорите кои нема да штрајкуваат, морално ги поддржуваат штрајкувачите. Сепак не можеше да прецизира колкав дел од колегите кои гласале за стапување во штрајк, во понеделник ќе штрајкуваат.

gimnazija strajkuvacki odbor„Да не кажувам точна бројка, или не ни знам точна бројка бидејќи можеби од тие кои се пријавија вчера дека сакаат да штрајкуваат, по вршење на притисоци можеби и ќе се откажат, да не штрајкуваат. Постојано имаме притисоци ние, тоа се ситни политички притисоци, ова е борба за демократија, не е за ситни политички поени, туку си ги бараме правата, основни човекови права се ова. Казнување на професори го нема никаде во светот и тоа треба да му е јасно на цел Охрид и цел Охрид треба да ни даде нас поддршка.“-рече тој.

Николески вели дека штрајкувачкиот одбор ги има добиено штрајкувачките материјали, односно соодветни плакати за излегување на штрајк. Инаку Синдикатот за образование и наука уште на почетокот на месецов донесе одлука од 20 јануари да започне генерален штрајк поради неисполнување на барањата за зголемување на платите, како и укинување на казните на наставниците воведени врз основа на екстерното оценување.

{loadposition content9}