Странците не се откажуваат од одмор во Охрид
Туристичкте работници од Охрид со оптимистички најави. Тие сметаат дека актуелната безбедносна состојба во земјава и настаните во Куманово нема негативно да се одразат врз бројот на гостите кои доаѓаат од Холандија и Белгија. Додека пак Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот подготвува предлози за ублажување на негативни последици врз туризмот.
Нема поголеми откажувања на странските гости, заради актуелната безбедносна состојба во државава и последните настани во Куманово, тврдат туристичките работници од Охрид. Сопственикот на туроператорот „Фибула Ер Травел“, Асим Меџедовиќ, категоричен дека вестите за случувањата во нашата земја кои го обиколија светот, нема негативно да се одразат врз бројот на странски гости кои доаѓаат на охридско – струшкото крајбрежје, но посочи дека има знаци на претпазливост, кои и им биле предочени посебно на туристите кои доаѓаат од Холандија.
„Тоа е по објавата на официјалната веб страна на холандска амбасада за претпазливост при патување во Македонија меѓутоа се надевам дека таа информација ќе биде поскоро отстранета бидејќи не соодетствува со реалноста, и се надевам дека веднаш тоа ќе допринесе да продолжи трендот на зголемување на туристи кои што ќе доаѓаат во Македонија посебно во охридско-струшкиот регион“ – вели Меџедовиќ.
Од Секторот за ТЛЕР со став дека се прават максимални напори да се запази позитивниот имиџ на градот со цел да имаме уште добра, мирна и плодна туристичка сезона. Во таа насока и годинава пред сезоната се одржа редовниот состанок со претставници на инспекциските служби, со полицијата како и со туристичките агенции кои работат на инкаминг-туризмот, во организација на ТЛЕР.
„Сметам дека овој состанок е важен во ситуацијата во која што за жал се наоѓа државава во овој момент после последните случувања во Куманово. Да им докажеме и покажеме на гостите дека Охрид е безбеден град дека во Охрид нема никакви проблеми од никаков аспект и дека не само во летниот период туку и во текот на целата туристичка сезона можат да се чуствуваат спокојно и безбедно и на најдобар можен начин можат да го поминат својот одмор“-изјави раководителот Ѓоко Апостоловски
Од Секторот за внатрешни работи велат дека и оваа сезона ќе го дадат максимумот и ќе придонесат за безбедна туристичка сезона.
„Ќе ги координираме мерките со Локалната Самоуправа, со Секторот за ТЛЕР, како со сите други чинители кои што директно и индиректно имаат влијание во делот на обезбедување максимална безбедост во летниот период и непречена туристичка сезона од секаков агол. Во таа насока СВР Охрид ќе делува пред се превентивно, ние ќе бидеме поставени на сите позначајни места каде што имаме раздвижување и каде што во изминатите години сме бележеле одредени проблеми кои влијаеле на степеност на безбедносната состојба во градот“– нагласува портпаролот Стефан Димоски.
Промената во состојбите кои влијаат на туризмот и откажување на резервациите во текот на последните неколку дена од повеќе странски пртнери, причина за вонредна седница на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Како што информира директорот Кристијан Џамбазоски целта е да се превземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација. Џамбазски истакна:
„Се соочуваме со ситуација во која различни медиуми домашни и странски излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави“
Од Агенцијата очекуваат заедно со туристичкото стопанство да се изготват конкретни предлози за ублажување на негативните резултати во туризмот од актуелната ситуација.
{loadposition content9}