Skip to main content

Странците побројни гости во Охрид

Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид
охрид

Туристичката сезона 2012 за охриѓани и не била така црна и неуспешна, покажуваат најновите обработени показатели од инспекцијата за туризам. Во  деветте месеци од оваа година Охрид го посетиле повеќе  туристи во однос на истиот период од минатата година.  Во 2011 година биле реализирани 427.000 ноќевања, додека во 2012 оваа бројка е 453.000. Мора да напоменеме дека за прв пат се среќаваме со зголемен број странски гости кои престојувале на охридското крајбрежје, вели раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танасоски.

„ Домашните  гости оствариле 171 .740 ноќевање, а странските гости пак 221.000. Од овие бројки, спортските екипи кои престојувале на охридското крајбрежје  оствариле околу 4000 ноќевања, а  пак,  60.000 ноќевања отпаѓаат на ескурзијанти и лица со инвалидитет, кои се ослободени од плаќање на туристичка такса согласно Законот за туристички  престој“, кажува Танаскоски.   

охридПодатоците на туристичката инспекција  покажуваат дека во општинската каса се инкасирани и повеќе пари од  туристичката такса во однос на лани. За деветте месеци од 2012 се наплатени 11 милиони 831.564 денари или точно 1 милион денари повеќе во однос на 2011 година. До крајот на календарската година за обработка остануваат уште 5 месеци од кои се верува дека оваа бројка ќе биде поголема, напоменува Танасоски.

„ Очекуваме оваа година поголем износ од наплата на туристичката такса во престојниот период. Досегашните податоци се однесуваат за  2012 , поточно од 1 јануари до 30 септември,“ напоменува раководителот на општинскиот инспекторат.

 При наплатата на туристичкаста такса, податоците покажуваат дека  има зголемување на овој износ кај приватните станоиздавачи, посочува Танасоски.   Но, загрижува фактот што се повеќе опаѓа посетеноста на градот од страна на домашните туристи.

{loadposition content9}