Skip to main content

Напад со остар предмет

Странски државјани повредиле охриѓанец

Повредениот охриѓанец е пренесен во Општата болница во Охрид каде се констатирани телесни повреди по што е пуштен на домашно лекување.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 16.07.2022 година околу 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет го повредил Д.С.(34) од Охрид.

Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.