На 28.09.2022 година околу 15:30 часот во СВР Охрид лишени од слобода се две странски државјанки К.М.(20) и К.Л.(50).
Тие, на улицата „Партизанска” во Охрид се однесувале агресивно и се обиделе физички да ги нападнат полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Во консултации со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.