Странските туристички водичи ја извртуваат македонската историја
Странски туристички водичи ја извртуваат македонската историја. Иако согласно Законот за туризам, туристичките групи во земјава мора да бидат придружувани од локален водич, кој веродостојно би ги пренел историските и културните приказни, странските агенции не го почитуваат.
Уште на стартот на туристичката сезона во Охрид, деновиве за празниците се забележуваа групи странски туристи без локален водич, кои ја раскажуваат својата верзија за историјата на Македонија. Зборуваат што сакаат за земјава, без никаква контрола и законски реперкусии, алармираат професионалните водичи.
„Тоа е сива економија тоа значи немање на лиценци, проблем имавме и минатата година многу лошо беше вќе лично видов одредени наши водичи останаа без работа додека дури и полјаците кои никогаш не одеа сами почнаа сами да прават разгледи. И од поранешна Југославија и од Бугарија и Романија одат без водичи. “, вели Ристе Голабоски лиценциран водич од Охрид.
Оваа нелегална појава им ги намалува приходите на лиценцираните туристички водичи од земјава, институциите мора погрижливо да водат сметка за спроведувањето на законските регулативи за туристичко работење.
„Потребно е многу прво да ги заштитиме нашите не е идејата да имаат само водичите работа туку како ја презентираме нашата истоирја и нашето богатсво. Не само што немаат рпаво туку и не го искажуваат правилно. 0248 најголем проблем е Свети Наум , рак рана на туризмот во Охрид јас можам да кажам дека по 10 до 12 полски автобуси се паркирани од Албанија а ниеден водич од земјава нема. Од мои колеги велат додје инспекција а тие прво бараат наша лиценца која се гледа, треба и тоа да се провери но треба и странците да се проверуваат доволно ќе биде еднаш два пати месечно и повеќе неа да се повтори”, додава Голабоски.
Најкритично е во манастирскиот комплекс Свети Наум, каде странските агенции воопшто не ангажираат домашни водичи. Лиценцираните туристички водичи од земјава ги повикуваат инспекциските служби да вршат засилени конторли во шпицот на летната сезона.
Новинар Соња Рилковска