Skip to main content

Странски туроператори и медиуми ќе се запознаваат со туристичките потенцијали на Охрид, а потоа ќе ги нудат во своите земји

Репортажи во најмалку десет специјализирани туристички списанија како и телевизиски репортажи за Охрид на национални сателитски телевизии од Турција, Србија, Русија, Словенија.

 |  Мишел Наумоски  | 
promo tura
промо тура

Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на промотивната тура за медиуми, туристички агенции и туроператори која по втор пат локалната самоуправа ја организира со цел привлекување на поголем број туристи на охридската ривиера.

stranski turoperatori„Оваа промо-тура, овозможува на еден директен начин, новинарите кои се присутни, односно кои се партиципиенти на оваа втора туристичка тура кај нас да можат директно да имаат увид во сето она што Охрид го нуди како природно и културно наследство и преку нивните трудови, односно нивните репортажи да поблиску да ги презентираат убавините и понудата на Охрид во државите од каде тие доаѓаат.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Ова е втора ваква промотивна тура која локалната ја организира со странски медиуми и туроператори. Од ланската промо-тура биле подготвени пет репортажни емисии кои се емитувале по четири пат на ден, седум дена неделно. Според Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР, резултатите од турата се видливи и може да се поделат на комерцијални и медиумски.

Ohrid panorama„Двете телевизии кои што присуствуваа направија вкупно пет репортажни емисии со времетраење од по 40 минути, зборувам за национални сателитски телевизии кои што имаат аудиториум од неколку стотици милиони гледачи. Сите тие емисии се емитуваа по четири пати на ден во текот на седум дена за една емисија, а од друга страна објавени беа репортажи во специјализирани магазини на туризам, кои се делат на турскиот пазар, но и во други земји, посебно од Русија, а исто и во Чешка. Додека од комерцијалниот аспект според моите сознанија , групите односно туроператорите кои минатата година престојуваа во Охрид, веќе склучија одредени договори за подготовка и имплементација на пакет аранжмани со дел од хотелите кои што ги посетија.“-рече Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР.

promo tura sredbaНовинарите од „Груп медија“ од Истанбул-Турција кои се дел од оваа тура кои вчера пристигнале во Охрид, се воодушевени од езерото и се надеваат дека ќе успеат што е можно подобро да се запознаат со градов со оглед на широкиот број на читатели кои ги имаат.

„Ние сме групација која печатиме најмалку десет списанија во светски рамки. Една како што кажав е обновата на „Глобал Атлас“,  тоа е авиокомпанија за која веќе ние и го печатиме списанието  Џетлајф, списание кое сега е наменето за Глобал, тоа е списание кое веќе се дистрибуира во авионската компанија и излегува еднаш месечно, и се нуди во кабините, и на патниците кои патуваат. Има голем број патувања, како Дубаи, Израел. Ова списание во светски рамки го читаат голем број на патници кои ги користат овие авионски линии.“-изјави Илкнур Ешсиз-„Груп медија“-Истанбул.

kulturno istoriski spomenici turaТуроператорите од Израел пак велат дека двете земји се богати со историја, нешто што во туризмот може убаво да се работи.

„Мислам дека Охрид има многу да понуди на луѓето од целиот свет, не само од Балканот, не само на Израелците, и мислам дека израелците ќе сакаат да дојдат тука во Охрид, да го посетат градот и да уживаат во нивното време овде. Сигурна сум дека кога ќе се вратам во Израел, туристичките претставници ќе сакаат да дојдат и да ги вратат Израелците овде. Ние имаме многу заеднички работи со македонците и двете земји имаат богата историја со која во туризмот може да се работи, сигурна сум дека ќе донесеме навистина многу туристи.“-вели Жанин Литмановиц-туроператор од Израел.

Инаку оваа промотивна тура ќе трае три дена, а странските туроператори и медиуми ќе ги посетуваат најзначајните културно-историски споменици како и природните убавини на градов. Покрај тоа, предвидено е да бидат посетени и руралните средини каде гостите ќе бидат запознавани со можностите за активен туризам. Во текот на овие три дена стручните служби на локалната ќе имаат можност и да преговараат со претставниците од авиоагенциите со цел разгледување на можностите за евентуално воспоставување на нови авиолинии кон Турција.

{loadposition content9}