Странските тур оператори субвенциите ќе ги добијат на почетокот од 2014
Странските туроператори субвенциите ќе ги добијат на почетокот од 2014.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот доцни со исплатата на субвенциите за туроператорите за оваа година. Новиот директор на агенцијата Кристијан Џамбазовски, информира дека поднесените апликации за субванциите за туроператорите ќе бидат навремено исплатени. Не открива бројки колку пари должат на име неисплатени субвенции, но според Џамбазоски задоцнувањето нема негативно да се одрази врз договорите со странските агенции за носење на гости.
„ Загразување или некаква пречка нема никаква. Тековно се обработуваат и потпишуваат решенијата за субвенционирање. Очекуваме до почетокот на наредната година за 2013 сите решенија да бидат потпишани“.
Странските тур оператори ќе ги добијат парите на почетокот од 2014 година, уверува директорот на агенцијата. Во меѓувреме Агенцијата за следната година го променила начинот на обработка на апликациите. Донесле одлука да се промени досегашниот начин на работа и апликациите за субвенции да се изготвуваат во рок од 30 дена од тековниот месец. Покрај оваа новина на веб страната на агенцијата има и водич за правилна апликација на докумнетите, информира Џамбазовски.
„ Сите кои сметаат или имаат туристи да аплицираат. Да ја посетат веб страницата ќе има нов водич за тоа кој документи се потребни за да нема забуни. Документите се фaктографирани и претставени на веб страната tourizammacedonia.gov.mk би ги поканил да не пропуштат докумнети и д ане се одолговлечуваат решенијата.“
Ефектот од досегашното субвенционирање е поголем девизен прилив во туризмот. Лани по овој основ биле остварени 122,3 милиони денари. За оваа година, Министрот за економија Ваљон Сарачини, за субвенционирање на тур операторите и туристичките агенции најавуваше дека ќе се обезбедат 60 милиони денари.
{loadposition content}