Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014
Промовирана стратегијата за одржлив економски развој за 2013-2014. Ваквата постапка е неопходна бидејќи само на таков начин може да се реализира програмата која преставува водич за развој на Охрид. Во завршна фаза е и стратегијата за рурален развој.
Секторот за локален економски развој ја промовираше стратегијата за одржлив економски развој, односно ревизијата на акционите планови за 2013-2014. Општина Охрид уште од 2007год. имаше развиено стратегија за одржлив економски развој, но дури годинава, за прв пат, се направила нејзина ревизија. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека тоа е обемен процес, па затоа ревизија е направена само за две години, но во догледно време ќе се ревидираат акционите планови и од останатите години.
Ваквата постапка е неопходна, бидејќи само на таков начин може да се реализира програмата, која пак преставува водич за развој на Охрид, рече Апостолов.
Апостолов кажува дека на ваков начин ќе се контролира работата на локалната и ќе се прави мониторинг на се она што е сработено и што не е. Во стратегијата се поместени десет тематски области, локален економски развој, туризам, урбанизам, здравство, спорт и др. Сите заинтересирани можат да ја видат на веб страната на општина Охрид. На нејзината измена можат да влијаат сите фактори, вели Апостолов бидејќи стратегијата е динамичен документ.
Сите проекти со кои ќе се аплицира во ЕУ мора да бидат поврзани со стратегијата, на тој начин тие добиваат на тежина, кажува раководителот на ТЛЕР.Стратегијата за рурален развој ќе биде симбиоза на сите потреби за развој на овие средини, вели Апостолов.
Тој додава дека во изминативе пет месеци имаат аплицирано со голем број проекти токму од оваа област. Раководителот на ТЛЕР обелодени и една новина, а тоа е дека од денес општина Охрид постави информативен метод за помош за вработување. Сите заинтересирани можат подетално да се информираат.
{loadposition content9}