Строго забрането палење скара и стрништа во НП Галичица
Строго забрането палење скара и стрништа во НП Галичица. Влезот во паркот е под строга контрола. Ограничувањето за движење низ шумата ќе важи до средината на август.
Вонредни мерки за престој во шума во националниот парк Галичица. Забрана за палење на оган за скара и стрништа во НП Галичица стои во одлуката за ограничено движење во националните паркови. Не е дозволено кампирање и подолго задржување во шумата. Владата оваа одлука ја донесе како превентива за заштита на шумите во НП од летните пожари. Ограничувањето за престој во паркот Галичица не важи за вработените во НП , ЈП Македонски шуми и туристичките водичи.
„ И покрај Коритски рид, Корита, Јадера места уредени и каде што е дозволено палење на оган сега тоа не важи. Има забрана за палење оган, а народот мора да ни помогне да не се јавуваат пожари па е забрането палење оган на отворено“, информира Номче Новески од НП Галичица.
Туристичките водичи одговараат за однесувањето на посетителите, подвлекува Новески.На наплатната рампа кај село Трпејца сите посетители на НП Галичица строго се конторлираат при влез. На нога се сите ренџери на паркот.
„НП Галичица порај редовните активности има и засилени контроли на екипите. Тие патролираат и до 21 часот навечер и го контролираат паркот внимавајќи да не се прекрши однесувањето на високите температури“, вели Новески.
Од НП Галичица апелираат до жителите од селата кои се во рамките на НП Галичица да не се осудуваат да палат стрништа бидејќи се најопасни за шумските пожари. Казните за непочитување на мерките за однесување во вонредните услови се ригорозни и се движат до 1500 до 3000 евра за палење стрништа и оган на отворено. Мерката ограничување за движење низ шумата ќе важи до средината на август.