Стручни лица од Центарот за хемофилија одржаа предавање за ова заболување
Стручни лица од Центарот за хемофилија одржаа предавање за ова заболување.
Одржано стручно предавање посветено на коагулативните заболувања во Република Македонија. Предавањето на кое учествуваа специјалисти од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје не наиде на одзив кај граѓаните и кај здравствените работници од Охрид. Ние ги згрижуваме лицата со коагулопатии и сем задолжени за лабораториска дијагностика и водење на националниот регистар, посочи д-р Виолета Дејанова која го одржа предавањето од Ценатрот за хемофилија, а во организација на здружението Хемалог.
„Ние ги спроведуваме сите препораки на светската федерација за хемофилија и се трудиме на највисоко можно ниво да ги згрижиме лицата со хемофилија. Наш проблем е незаинтерeсираноста на општата популација и и здравствените работници за овој проблем. Ние сакаме да соработуваме со сите нив, но не наоѓаме на одзив. Целата идеја на проектот е да допреме до нив до лицата со коагулопатии да доаѓаат на редовни контролни прегледи“, истакна д-р Дејанова.
Во Македонија има евидентирани 300 лица со хемофилија, од кои 200 со хемофилија А, а останатите 100 со хемофилја Б. Од ова заболување во Охрид се регистрирани 8 лица. Докторите напомнуваат овие лица да ги почитуваат препораките на специјалистите и да доаѓаат не редовни прегледи и пред хируршките интервенции да се јават во Центарот за хемофилија при Институт за трансфузиона медицина во Скопје или во охридската Служба за трансфузиологија.