Skip to main content

Се помал бројот на ученици во стручните средни училишта

Се помал бројот на ученици во стручните средни училишта. Дали може да се случи за некоја година тие да се затворат. Првите луѓе ги лоцираа причините за ваквата појава. Треба под итно да се бара решение од државата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sekula batkoski
секула баткоски

 

Дали средните стручни училишта во градов полека, ама сигурно замираат. Факт е дека секоја година во овие образовни центри се запишуваат се помалку ученици. Во средното стручно училиште Ванчо Питошески во прва година има само три паралелки, а лани имало четири. Паралелките се формирани и со помалку од 25 ученици. Директорот Секула Баткоски вели дека причини за ваквиот надолен тренд има повеќе, но како број еден го потенцираше намалениот наталитет не само во градов, туку воопшто во државава, бидејќи во ова училиште доаѓале да учат деца и од другите градови. „Друга причина која доведе до овој комплексен проблем е што вакви стручни средни училишта се отворија дури во десет градови во Македонија, поради што учениците се распрскани наместо да бидат сконцентрирани во неколку образовни центри“, објаснува Баткоски.bosko siljanoski


И во средното стручно училиште Св. „Наум Охридски“ се јавува проблемот од помал број на ученици, особено во електро и машинската струка. Но, ситуацијата овде не е алармантна. Со отварањето на двата нови смера, сообраќајниот и козметичкиот, интерес за образување во овој стручен образовен центар има, вели директорот Бошко Силјаноски. Тој се согласува со својот колега Баткоски дека причина број еден за намалениот број на ученици е ниската стапка на наталитет, но вели дека не е и единствена. Силјаноски објаснува дека по завршувањето на средното стручно образование многу тешко се наоѓа соодветно вработување па затоа децата се помалку се одлучуваат да учат во вакви училишта.

Првите луѓе на овие два стручни образовни центри се на заеднички став. Треба добро да се размисли во кој правец ќе се движи стручното образование бидејќи воопшто не е лесно да се заврши истото, а е задолжително. Тие додаваат дека стручните кадри трба да работат на соодветни места, а не да се потценуваат.

{loadposition content9}