Дали ќе има настава во ОУ „Григор Прличев“
Учениците од ОУ „Григор Прличев“ по се изгледа наредните денови нема да одат на училиште. Проблемот со исклучената струја од страана на ЕВН поради неплатениот долг на училиштето не ќе може така брзо да се реши. Локалната има пари да го покрие долгот на училиштето према ЕВН, но не може тоа да го стори поради блокираната сметка на училиштето заради заостанат долг поради имотно правен спор кој се води повеќе од 25год.
Голема е веројатноста дека учениците од УО „Григор Прличев“ наредните денови нема да одржуваат настава. Проблемот со исклучената струја од страана на ЕВН поради неплатениот долг на училиштето не ќе може така брзо да се реши. Градоначалникот Никола Бакрачески рече дека општината прави напори да не дојде до тоа, но проблемот е од пошироки размери. Локалната има пари да го покрие долгот на училиштето према ЕВН, но не може тоа да го стори поради блокираната сметка на училиштето заради заостанат долг поради имотно правен спор кој се води повеќе од 25год. Бакрачески рече дека сеуште не се знае дали ќе има настава во „Григор Прличев“ или не.
Тоа е одлука на раководството на ОУ „Григор Прличев“. Ние се надеваме дека во наредните неколку денови ќе постигнеме договор со доверителите околу одблокирање на сметката и веднаш после тоа пристапуваме кон исплата на долгот кон ЕВН, рече Бакрачески.
Бакрачески додаде дека се во постојан контакт со Министерството за образование и ЕВН со цел побрзо надминување на проблемот за да не трпи образовниот процес во Григор Прличев.
Инаку, и другите охридски училишта имаат заостанати долгови така што може да се случи и некое друго училиште да се најде во истата ситуација во која сега е „Григор Прличев“ иако градоначалникот рече дека општината ги прави сите напори да не дојде до тоа.
{loadposition content9}