Струшките училишта од денес со редовна настава
Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја.
јосип броз тито
Уште во текот на вчерашниот ден, струшките основни училишта добија струја.
Моментално, состојбата со прекинот со снабдувањето со електричната енергија во ОУ “Јосип Броз Тито” и “Браќа Миладиновци” во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда е решена.
Инаку причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е акумулираниот долг на струшките основни училишта кој изнесува 5 милиони денари. Општина Струга презеде обврска да го исплати и веќе се договори со ЕВН за плаќање на рати.
{loadposition content9}