Skip to main content

Струшките наставници во штрајк

Струшките наставници во штрајк.

 |  Валентина Неловска  | 
sonk
sonk

 


1500 членови на Синдикатот за образование, наука, и култура од Струга, Вевчани, Дебар и Жупа се во штрајк. Во штрајк се наставниците од 4 средни училишта,  18  општински училишта, и вработените во една градинка,  и двата музеи  од Струга и Дебар, информира Демирчани Реџепи, претседателот на РО на СОНК Струга. Наставнците штрајкуваат на своите работни места, а децата се во училишните клупи.
skolo„Нема притисок нити од градоначалникот нити директорите немам таква информација  и досега не сме имале и штрајк се се одвива нормално, без проблеми“, кажува Реџепи.  

Наставнците имаат  социјални барања кои не успеале како што вели Реџепи, ни по 7 преговори со Владата, да  постигнат договор. Не сме против екстерното тестирање туку против казните и наградите, вели тој, а  ги набројува и останатите барања.
„ Електронскиот дневник ги оптеретува наставниците со двојна админитративна работа. Ние бараме да се избере еден од двата начини дали тоа ќе е класичен или екектронски дневник. Зголемување на платите бидејќи ние сме под просек на средна плата во РМ, а во  таа ситуација никогаш не сме биле, јас имам 37 години работен стаж во образованието“, нагласува Реџепи.

skoloТВМ ги контактираше градоначалниците на Струга и Вевчани дали обезбедија заменски наставници за оние кои ќе штрајкуваат. Струшкиот градоначалник, Зијадин Села, во телефонски разговор за ТВМ, кратко изјави дека наставниците штрајкуваат на нивните работни места. За законската одредба со обезбедување на заменски наставници за оние кои ќе се во штрајк кажа дека е  глупав закон кој не може да се спроведе во пракса. Каде да најдам стотина  наставници кои ќе ги заменат оние што ќе штрајкуваат, вели Села. Додека, неговиот колега од Вевчани,  Цветомир Угриноски и директорката на основното училиште „ Страшо Пинџур“ Николина Србакоска, демантираат дека во нивното училиште се штрајкува.
 

{loadposition content9}