Вечерва започнуваат Струшки вечери на поезијата
„Оваа награда му ја посветувам на мојот народ“, истакна годинешниот лауреат Монгани Вали – Сероте.
По 51 пат вечерва во Струга почнува реномираната светски позната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. На пресс конференцијата организирана во чест на добитникот на златниот венец на Монгани Вали – Сероте, лауреатот, но и организаторот на оваа манифетсацијата открија детали за поезијата на годинешниот добитник на златниот венец. Сероте не го криеше задоволството што токму тој е добитник на ова високо свтски признание. Пред да проговори за неговите дела, проговори за периодот на расна дискриминација во неговата Јужна Африка, притоа потенцирајќи дека оваа награда му ја посветува на неговиот народ.
„Јас сум почестен од овој многу важен гест. Многу луѓе од мојата држава веќе ми испраќаат прашања во врска со ова манифестација, со оваа земја.Многу мои врсници и соработници кои израснале за слобода ги почитуваат луѓето од овие региони. Луѓето од овоие региони се соочиле со слични страдања и со страдањето на луѓето од западните замји“, истакна на пресс конференцијата добитник на златен венец на СВП, Монгани Вали – Сероте.
Претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата Славе Ѓорго Димоски истакна дека фестивалот навлезе во својата втората половина на векот, но и потсети дека уште од своите почетоци суштината на фестивалот е да ги зближува различностите на јазиците, Струга да станува центар на јазици. „Следејќи го основното начело дека фестивалот ги врзува сите меридијани, оваа година честа да го има највисокото признание му припадна на поетот од јужна Африканска република Монгали Серота“, истакна Димоски.
„Со доделување на оваа награда правиме едно зближување меѓу двете земји , помеѓу далечната Јужна Африканска република и нашата малечка но поетски силна Македонија. Преку поезијата на Сероте која што е приопштена на македонски јазик имаме можност да се запознаеме со битот, стилот и поетската смисла и логика низ африканската поезија, бидејќи неговите поеми преведени на македонски јазик веќе можеме да го почувствуваме ритамот на тоа поднебје на нивниот фолклор што во првиот приод од неговото творештво е карактеристично за него“, истакна претседател на УО на СВП, Славе Ѓорго Димоски.
Посакувајќи им добредојде на гостите во светската поетска претстолнина – Струга, директорот на фестивалот Мите Стефоски нагласи дека и годинава струшките вечери на поезијата со својот обем ќе се обиде да ги промени досегашните свои граници, за што придонесува и изборот на годинешниот лауреат.
„Ми преставува чест што ќе бидеме сведоци на преставувањето на уште една поетика која споредбено со другите лауреати кои ги преставиле своите дела составен дел е и гневниот поетски изблик, на еден израз на активизам и неодминлив ден на поетското писмо на овогодинешниот леуреат. Годинава ќе имаме прилика да присуствуваме на едно издание кое во својот обем ќе се обиде малку да ги промени досегашните граници“, истакна, директорот на СВП, Мите Стефоски.
Годинешниот лауреат јужноафриканскиот поет Монгани Вали Сероте традиционално утрово во паркот на поезијата во Струга, засади дрво. Пред присутните гости, поети, директорот на Струшките вечери на поезијата градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и истакнати личности од културниот живот, поетот Серота прочита стихови од својата поезија.
Поетскиот фестивал во Струга koj ќе биде отворен вечерва ќе трае до 28 август. Учество најавија 60-тина странски (Азербејџан, Франција, Индија, Куба, Ирак, Грција, Куба, Сирија, Мароко) и 60 – тина домашни поети. В сабота во црквата „Св. Софија“ се одржува поетско читање на творештвото на годинашниот добитник на Златниот венец, Монгани Вали Сероте, а в недела ќе се одржи Меѓународниот митинг на поезијата „Мостови“.
Во рамките на поетските вечери ќе се одржи и омаж за браќата Миладиновци по повод 150 години од нивната смрт и омаж за Ацо Шопов по повод 30 годишнината од неговата смрт.
{loadposition content9}