Skip to main content

СВР Охрид

Струшко возило излетало од коловозот кај „Инекс“

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 32 годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.