СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(28) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“.
На 21.02.2022 во Струга, пријавениот му овозможил на лице од Дебар да користи марихуана. Истиот ден во Охрид, при преглед на патничко возило „ауди а3“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Д., а сопатник било лицето од Дебар, кај А.Д. била пронајдена и одземена марихуана – информираат од СВР Охрид.