Skip to main content

Свр Охрид

Стружанец нападнал полицајци пред казино во Охрид

Приведен 33-годишен стружанец кој нападнал полициски службеници пред казино во Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 04.04.2022 година во 03,55 часот, во СВР Охрид приведен и лишен од слобода е И.М.(33) од Струга.

Тој претходно, пред казино лоцирано на булеварот „Македонски Просветители” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.