Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник
Стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиот манастир Рајчица.
Вчера стружани се поклонија пред моштите на нивниот заштитник, славниот Великомаченик Георгиј Победоносец. Пред многубројниот народ кој пристигна од сите краишта на државава по четврти пат се одржа празничната ордија во спомен на овој светец. Настанот беше збогатен со носење на моштите на св.Георгиј од дебарскиор манастир Рајчица. Станува збор за чествување кое отсекогаш имало големо значење за нашиот народ кој ниту дождот не го поколеба да пристигне во дворот на црквата Св. Георгиј.
Ова е една прекрасна традиција, која постои уште од времето на преродбата, кога на местото од стариот храм од 16-ти век, а кој бил урнат во времето на Османлиското ропство, во 1835 никнал сегашниот храм посветен на Св. Георгиј, како завет на светогорските зографски монаси. Тогаш струшкиот народ, кој отсекогаш го почитувал и славел Великомаченикот, понесен од христијанско милосрдие и љубов, на вториот ден од храмовата слава поставувал скромна трпеза на љубовта, надвор од храмот, и ги повикувал сите бедни, од сите националности и вери, и притоа струшките еснафи си земале подвиг пожртвувано да им служат на сиромасите, а се грижеле и за тоа на болните, вдовиците и сирачињата, кои не можеле да дојдат, храната да им се однесе дома, вели Јоне Кленко,хронолог.
После вечерната празнична богослужба, поворката народ се упати кон центарот на градот, проследена со знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти. Ова е знак дека и самиот Победоносец духовно чекори со литијата и ги благословува сите.
Инаку, моштите на Св. Георгиј Победоносец се донесени во Македонија во 2003 година од Светогорскиот скит Кавсокаливија, преку архимандриотот Епифаниј од Атина. Моштите, се надалеку познати и по своето чудотворство и исцелителност. Тие извесно време ќе бидат изложени во струшката црква Св. Ѓорѓи, а потоа повторно ќе бидат пренесени назад во манастирот во село Рајчица.
{loadposition content9}