СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50 годишна жена од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.
– Таа, во својство на инвеститор, на катарстарска парцела во охридското село Трпејца, без правосилно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградила индивидуална семејна куќа. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид.