Стружани во сабота на протест во знак на револт поради проблемите со водоснабдувањето
Водата во градскиот водовод со недели е заматена и секојдневно има прекини во водоснабдувањето. Центарот зајавно здравје направи анализи и констатира дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“.
Водата во градскиот водовод со недели е заматена и секојдневно има прекини во водоснабдувањето. Центарот зајавно здравје направи анализи и констатира дека матноста на водата е зголемена вон границите на дозволеното на мерните места СОУ „Нико Нестор“ и детска градинка „Сонце“.
Известена е инспекцијата и водата не се препорачува за пиење. Стружани се жалат во време на пандемија не можат да одржуваат хигиена. Вода купуваат и запиење.
„Во Струга немаме вода од 22 до 06 часот. Нема водарешението друго е она што треба да се скрати да не оди голема вода воиндустрската зона треба вода да има за пиење“, вели еден стружанец.

„Имаме проблем со водата, сме околу Дримот а воданемаме, посебно навечер. Од 22 до наутро нема вода, истотака ни имаат кажано дека водата не е чиста, не пиеме водаод чесма. Купуваме вода за готвење, за пиење, полниме од реката за да миеме скали, вели едена стружанка.
„Во повисоките спратови од зградите е мал притисокот и навечер нема вода. Водата не верувам дека е исправна“, вели една стружанка.

Надлежните признаваат дека има проблеми соводоснабдувањето во градот на мостовите. Тоа се должи на старата водоводна мрежа,но и загадувањето кај изворите во Шум предизвикано од електраните.
„Проблеми има, таква е структурата имногу е стара за тоа немаме средства. Бараме средтсва, имаме тим за проекти и планираме да ги смениме дел по дел тие азбесни цевки. Веќе епочнато тоа е голем проект не можеме сенаеднаш“, вели Дашмир Насуфи директор на ЈП Проаква Струга.
Во сабота стружани ќе го кренат својот глас со масовенпротест во 11часот пред просториите на „Проаква“ Струга.