Студенчишкото Блато мора да се заштити

Експертите за блатни системи од целиот свет, порачаа, последниот дел од Студенчишкото Блато во регионов да биде заштитен како интегрален дел на Охридскот Езеро. Охрид е домаќин на Меѓунардната конференција за блатни еко системи на која со 30 трудови ќе се претстават педесеттина врвни експерти од оваа област.

 |  Николоска Биљана  | 

Светските експертите по блатни системи порачаа: Охридското Езеро и Студенчишкото блато кои се природно богатство со огромен потенцијал, соодветно да се вреднуваат и искористат, а притоа да се внимава да не биде нарушен екосистемот. Тие деновиве се во Охрид, и учествуваат на Меѓународната конференција, која е во организација на Европскиот огранок на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми, Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ“. Истакнатиот експерт, професорот Јос Верховен, истакна дека еколошките активисти во координација со локалната и централната власт мора да изнајдат решенија за справување со предизвиците што современото управување со земјиштетото и урбанизацијата ги наметнува врз тие суштински важни делови на животната средина.

Вчера заклучивме при посетата на блатото дека сеуште постојат можности да се обнови тој скапоцен камен, но треба да се вложат големи напори да се работи многу, бидејќи доколку остане блатото одвоено од езерото и доколку продолжи смалувањето на неговиот обем тогаш тоа навистина ќе влијае лошо врз растителниот и животинскиот свет што ги има таму. Точно затоа треба да се вложат големи напори да се одржи и да се подобри квалитетот на блатото“.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски категоричен дека локалната власт мора да го заштити преостанатиот дел од Студенчишкото блато, кое е последнот парче во нашиот регион. Стојаноски рече дека општина Охрид секогаш ќе го почитува мислењето на научната јавност.

Општина Охрид уште со новиот мандат јасно го дефинира Студенчишкото Блато како проект што мора да биде завршен до крајот на 2018 годинава. И она што дефинитивно следува е завршување на ревизијата на студијата за Студенчишкото блато, а понатаму ќе следува акцијата заштитата на блатото и валоризација на вредностите“.

Претставникот од Министерството за животна средина и просторно планирање Александар Настов информираше дека донесените стратегии за заштита на природата и за биодиверзитетот не биле реализирани во целост. Тој причината за тоа не ја лоцира во недостаток на финансиски средства туку од човечкиот фактор заради недоволно зајакнатите капацитети на локално, регионално и национално ниво.

Сепак треба ние повеќе плански треба да гледаме во иднина а тоа е заштита на нашата животна средина а посебно зачувување на природата и природното и културното наследство. Сега е моментот да ги забрзаме активностите со заеднички сили и од меѓународната заедница но и со нашите колеги од меѓународните асоцијации посебно од меѓународните невладини организации“ .

Д-р Трајче Талески од граѓанската иницијатива „Oхрид SOS“, рече дека денес со огромно задоволство и почит седи пред најеминентните светски стручњаци од сферата на блатните еко системи, кои се одважиле и на нивна покана дошле во Охрид да го дадат своето стручно мислење околу Студенчишкото Блато.

Сите сакаа, односно поранешната гарнитура сакаше од Студенчишкото Блато да направи хациенди, ексклузивна населба за живеење и да направат разни неправди на тој еко – систем. Охрид СОС издржа во овие 4 години беше иницијатор за заштита на блатото и голем поборник за заштита и пртив изградбата на тие т.н туристичко развојни зони кои се планираа да се изградат покрај Охридскот Езеро, но навистина успеавме“.

На собирот во Охрид учествуваат педесетина врвни експерти, кои ќе презентираат повеќе од 30 трудови во кои е јасно одразена улогата на блатните еко-системи и вредноста што ја имаат тие преку обезбедување на биолошката разновидност и услугите кои ги нудат. Се очекува на Конференцијата да биде усвоена и Декларацијата за заштита и ревитализација на Студенчишко блато и Охридското Езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© 2008 - Сите права задржани. Поддржано од ТВМ ТелевизијА.
Back to Top