Skip to main content

Студенчишкото блато и неговата судбина повторно ги разбрануваа страстите

Денес се одржа стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за дел од повеќе урбани заедници. Студенчишкото блато и неговата судбина повторно ги разбрануваа страстите кај присутните. Од Локалната тврдат дека остатокот од блатото ќе биде заштитен и нема да се урбанизира.

 |  Јаковлева Лионела  | 
blato
блато

 

Oтстатокот од Студенчишко блато да се ревитализира и заштити. За таа цел да се утврдат точните граници и просторот на кој се протега од страна на стручни лица. Останатата површина од урбаната заедница 17.1, во која спаѓа и блатото да се планира со Детален урбанистички план, кој треба да биде донесен во иднина. Ова беше еден од заклучоцоте на јавната стручна расправа за Измена и дополна на Генерален урбанистички план за град Охрид за периодот 2014-2024 за повеќе делови од општината каде спаѓа и Студенчишкото блато. Ова воедно бил и заклучок на Владата донесен врз основа на Студијата за Студенчишко блато изработена во 2012 година.  Дејан Паноски од билатералниот секретарјат за заштита на Охридското езеро уште еднаш нагласи дека во студенчишкото блато не треба да се предвидуваат никакви градби  бидејќи тоа е заштитена зона.javna rasprava

Владата со свој заклучок донесен врз основа на студијата изготвена од Министерството за животна средина го признава постоењето на блатото и неговата важност и бара од општината да ги означи неговите граници и да го заштити, потенцира Паноски

Бранко Арнаудов, од секторот за урбанизам и заштита на животната срдина во општина Охрид рече дека урбаната заедница 17.1 опфаќа површина од нешто над 70 хектари Тој објасни дека само 13 хектари се имот на државата  во кои спаѓа Студенчишкото блато. При носењето на претходниот ГУП во 2006 година општината со цел заштита на блатото, целиот тој простор го прогласила за заштитена зона. Арнаудов потсети дека уништувањето на блатото  интензивно започнало во 70-те и 80-те години со претварање на тој простор во градска депонија. Во 90-те години од минатиот век при вцртување на локацијата за дендролошкиот расадник се утврдило  дека најголем дел од блатото е уништено. Но и покрај тоа локалната самоуправа блокирала 70 хектари простор и изработи студија за утврдување на границите од блатото кое опфаќа само десетина хектари, со цел негова заштита и прогласување за споменик на природата.-вели Арнаудов. Тој објасни дека локалната изготвила студија за утврдување на границите на блатото на десетина хектари и таа студија е одобрена од советот и од Министерството за животна средина и просторно планирање.студенчишко блато

Министерството за животна средина ја проследи до Владата на РМ  и таа ни ја врати студијата и побара да се одреди оној дел  што е останат бидејќи голем дел претходно е уништен. Сега работиме на одредување на неговите граници, вели Арнаудов.

Согласно одлуката на владата остатокот од блатото ќе се ревитализира и заштити, додека на останатата површина од УЗ 17.1 предвидена е мешовита намена на земјиштето. Предвидени се комерцијални содржини, хотелски капацитети, зеленило и други намени, појасни Арнаудов.
На јавната расправа присуствуваа голем број заинтересирани граѓани како и невладини организации. Имаше претставници и од иницијативата „Охрид SOS“ која се залага за заштита на Студенчишкото блато. Тие од надлежните побараа при утврдување на границите на еко системот да бидат ангажирани независни експерти.

Наш став е дека блатниот систем кој е реткост и е поврзан со езерото треба да се заштити и да не се деградира уште повеќе. Сите ние како граѓани треба да понесеме одговорност и да земеме активно учество во неговата заштита, рече Катерина Василеска од иницијативата „Охрид SOS“. студенчишко блато

И од Здружението за заштита на животните Анималија го кренаа својот глас против деградацијата на студенчишкото блато. Од таму велат дека во овој еко систем живеат четири вида ретки животни кои мора да се заштитат.

Ние сме сведоци дека сеуште се фрла градежен шут во срцето на блатото, а тоа за жал го прави ЈП Комуналец со оправдание дека тој шут е разградлив. И она малку што остана од блатото ќе биде уништено, вели Арнаудов.

Инаку, заинтересираните лица и субјекти можат да достават забелешки по предлог планот во рок од десет дена од одржување на стручната расправа, односно заклучно со 26-ти март 2015 година.

{loadposition content9}