Советниците потонаа во Студенчишкото блато
Има или нема Студенчишко блато. Денес тоа беше главното прашање на седницата на која како точка на дневен ред се најде и урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато. Во општинската сала со часови се водеше жестока дискусија на моменти дури и со емотивни излагања набиени со видлива нервоза кава што одамна немавме видено во Градскиот совет.
Урбанизацијата на локалитетот Студенчишко блато жежок костен на денешната седница на совет. Градските избраници од опозиционите редови побараа конечно да се каже и тоа не од лаици, туку од експерти дали и колку има остаток од некогашното Студенчишко блато и до каде се неговите граници. Паушалниот одговор на ова прашање даден од Др. Ленче Локоска, преставничката на Хидробиолошки завод дека можеби има , а можеби и нема блато, кај опозиционерите предизвика револт и во најмала рака го оценија како несериозен.
Блато има тоа го покажа и студијата направена во 2011год. И тоа не смее да се негира. Заради задоволување на нечии лични интереси ние ќе уништиме нешто што е од непроценливо значење за градот и за езерото. Граѓаните кои имаат таму имот ќе можат да си го урбанизираат, но тоа во никој случај не смее да го загрози блатото. Ако мериме со ист аршин тогаш зошто не се домнесат ДУП-от за Табана и Ривиера. Па и тука имаме граѓани кои чекаат со години урбанизација, вели советникот од ЛДП, Дејан Блажески.
И советникот Дејан Паноски кој е од редовите на ВМРО ДПМНЕ ги подржа опозиционерите и рече дека во досегашниот негов долгогодишен советнички мандат не се почуствувал никогаш потажно од денес бидејќи се негира постоењето на нешто што е евидентно, а тоа е остатокот од Студенчишкото блато. Доколку се дозволи урбанизација и на тој дел според Паноски ќе се направи вековна непоправлива грешка.
Според секретарот на општината Димитар Спасески се извитоперуваат фактите. Тој вели дека не станува збор за Студенчишко блато бидејќи со неговата долгогодишна деградација од него нема ниту остаток. Според Спасески само може да се зборува за ревитализација на нешто што порано било блато.
Апсолутно е неточно и невистинито дека на тој простор има организирано блато во кое живее целокупниот растителен и животински свет. Денес не можеме да зборуваме за блато, рече Спасески.
Во општинската сала со часови се водеше жестока дискусија на моменти дури и со емотивни излагања набиени со видлива нервоза кава што одамна немавме видено во Градскиот совет.
{loadposition content9}