Skip to main content

Студено и сончево

Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 
Pateka Studencista

Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Во деновите од викендов ќе преовладува стабилно време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По котлините ќе има појава на магла и таму дневните температури ќе остануваат пониски. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во текот на ноќта кон вторник и во вторник преку денот,велат од УХМР.

Во Охрид денес температурите ќе се движат во интервал од -2 до 7 степени Целзиусови.