Skip to main content

Студено утро, сончев ден – температури под нулата и во наредните денови

Во Охрид минималните температури од -5, а максималните до 7 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид минималните температури од -5, а максималните до 7 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.