Студенскиот и училишниот дом ќе се пренаменат во центри за изолација
Охридскиот градоначалник Константин Георгиески свика кородинативно тело кое ќе презема оперативни мерки за борба со коронавирусот. Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште ќе се пренаменат во центри за изолација на полесните случаи заболени од корона вирусот. Дополнително ќе се одлучи во која болница ќе се лекуваат потешки случаи. Општината одвои пари за купување храна и лекови за ранливата категорија сограѓани.
Градоначалникот Константин Георгиески го свика координативното тело кое презема оперативни мерки за справување со коронавирусот во општина Охрид. Донесени се низа конкретни мерки кои ќе се имплементираат во таа насока, информира Георгиески. На состанокот беа присутни претставници од Центарот за јавно здравје, директорите на здрвствените установи и приватните матични лекари, сите директори на ЈП , Пазарниот инспекторат, како и директорите на Студенскиот дом и училишниот интернат на угостителското училиште чии обејкти ќе се адаптираат за лекување на полесни случаи од корновирус.
„Двата обејекти на училишниот дом Ванчо Питошески со 38 соби и студенскиот дом со 30 соби се одредени да бидат пренамененти во објекти за изолација и карантин за лесни случаи. Денес почнува со дезинфекција и подготовка на објектите според оперативниот план кој го донесе координативното тело на состанокот“, информираше Георгиески.
Допрва ќе се одлучи која болница ќе се пренамени за лекување на потешки случаи во координација со ресорното министерство и директорите на јавните здравствени установи. Луѓето од општина Охрид кои ќе имаат потреба од помош ќе може да се јавуваат на телефонски броеви во општина Охрид и Црвен крст Охрид , но и на специјален број 13 122 за да пријавуваат неправилности и непостапување по мерките на владата како што е лицата кои треба да се во самоизолација , а не ја спроведуваат. Набавена е медицинска опрема кој ќе биде ставена на располагање на медицинските установи преку проектот Cross for all .Општината од буџетот одвои средства за ранливата категорија сограѓни.
„ Општина Охрид издвои и 300.000 денари за помош на социјално ранливата категорија граѓани кои ќе се во излолација за основни прехранбени продукти, средства за лична хигиена и лекови. Во соработка со ОО ЦК ќе се формираат мобилни тимови кои ќе имаат задача на барање на старите лица и лицата со посебни потреби на територија на Охрид кои ќе имаат потреба да има помогнат во набавка на прехранбени продукти, средства за лична хигиена и лекови“, инфомира Георгеиски.
Градоначалникот информира и за досега преземените активности. Дезинфициран е градскиот пазар, се редуцираа линиите на сообраќај на меѓуградскиот и локалниот јавен превоз, дезинфицирани се сите објекти на детската градинка, три основни училишта, а до крајот на неделава ќе бидат дезинфицирани сите општински училишта, истакна Георгиески. Инфомира дека ЈП Комуналец секојднево ги мие и дезинфицира градските улици со специјално средство и контејнерите за одлагање отпад. Се редуцира општинската администрација, ќе се воведат шалтерски услуги каде што ќе има потреба. ЈП Билјанини извори ги повлекува вработените од наплата на паркинзите и ќе се наплаќа по електронски пат.