Skip to main content

Студентска апликација за сексуална едукација

Денес се одржа финалниот натпревар во кој учесниците ги презентираа своите апликации, а победничкиот тим си доби таблет на подарок.

 |  Мишел Наумоски  | 
aplikacija
апликација

Талентираните студенти од универзитетот за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ денес ги презентираа апликациите кои ги изработија за кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите. Мерсиха Исмаиловска, координатор на натпреварот од универзитетот „Свети Апостол Павле“ за изработка на овие апликации вели дека како задача на тимовите им поставиле да изработат апликација која ќе се состои од квиз со 30 прашања, сексуален и менструален календар со бројни информации од областа на сексуалното здравје.

aplikacija durex„Тимовите како што видовте денес завршиле добра, одлична работа, беше тешко да се одлучи кој да ја земе главната награда која се состоеше од три таблети, по еден за секој член на тимот. Одлучивме да ја понесе наградата тимот кој се нарекуваше ZUREX затоа што понудија решение што е скоро завршено. Апликацијата работеше на повеќе платформи. Покажаа убаво решение, соодветна анимација поврзана со квизот и календар кој покажаа дека функционира бидејќи имаа интегрирано програма која сама ги пресметува плодните и неплодните денови.“-вели Мерсиха Исмајловска координатор на натпреварот и асистент на универзитетот за информатички науки и технологии.

Претставникот од тимот ZUREX, Тони Наковски вели дека се одлучиле да направат апликација која ќе биде достапна за сите и која ќе функционира на сите платформи. Но пред се вели дека внимавале на едукативниот карактер на истата.

UINT aplikacija„Може да се едуцирате за болеси и слични работи, во менструалниот календар може да се води евиденција за циклусот, имаме имплементирано и секс календар каде може да се внесите кога сте имале секс и исто да водите евиденција.“-рече Тони Наковски, дел од тимот ZUREX.

Натпреварот за изработка на апликацијата е дел од кампањата на компанијата „Дурекс“ за сексуална едукација на младите.

„Навистина има корисни информации за сексуално преносливи инфекции, хив сида, како да се користат презервативите и ред други информации за непланирана бременост кои се многу важни за да имаме здраво општество.“-изјави лицето за односи со јавност од „Елемент“, Мики Трајковски.

Инаку тимот ZUREX е составен од студентите Тони Наковски, Еркан Таири и Жанко Митревски. Од универзитетот велат дека нивната апликација треба малку да се доработи, но дека е навистина интересна и ќе биде достапна на локално ниво. Освен тимот на ZUREX во финалниот натпревар учествуваа уште два други тима.

{loadposition content9}