Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори
Студентите на ФТУ ги учеа тајните на кулинарските мајстори
Во кујната на ФТУ, студентите од 1 и 3 година на насоката гастрономија, подготвуваа мени со италијанска храна. Тајните во подготвување на свежа, лесна и брза храна им ги откриваше интернационалниот кувар, со македонско потекло, Синиша Салатиќ. Неговите вештини и принципи во кулинарството, со тридецениското искуство, со задоволство ги пренесува во соработката со ФТУ.
„ Сакам италијанската култура во подготвување на храната да ја пренесам и во Охрид. Студентите учат, вложуваат труд, жално е ако некој не ги поддржи и да им каже е сега си подготвен, може да работиш кај сакаш. Мене мие желба да ги пренесам некои вештини и новитети од гатсрономијата и во Охрид“.
Факултетот се труди да ни овозможи покрај подготовката на нашата традиционална храна да научиме повеќе и за странските национални кујни, велат студентите на одделот гастрономија, диетика и исхрана. Кристијан Ѓоршески студент на прва година беше дел од тимот кој денес учествуваше во подготвување на италијанските специјалитети. Тој вели дека е огромна честа што можат практично да учествуваат во подготвување на специјалитеите заедно со интернационалниот кулинар Салатиќ и понатака да ги применуваат во работата.
Професорките на насоката гастрономија, д-р Ангела Василеска и д-р Гордана Речкоска, укажуваат дека на оваа насока ги подготвуваат студентите за практично вклучување во работата на угостителските објекти. Тоа е многу интересна и перспективна насока со посебен приод кон диететиката и исхраната. Студентите од ФТУ се целосно едуцирани да ги водат овие процеси, но постојано се води грижа за доедукација и усовршување на студентите вели, д-р Ангела Василеска. Денес ќе учат да готват на италијански начин. Италијанската кујна е брза, здрава, а продуктите и зачините се богати со јаки антиоксиданси здрави за човечкиот организам.
„Тоа е специфична, но едноставна кујна, општо прифатена во светот. Суровините и начинот на кој се подготвува храната се исклучиво традиционални. Салатиќ не се согласува да подготвува храна без свежи зачини и овошје и не сака да импровизира. Вчера во Охрид не можевме да најдеме босилок па го набавивме и донесовме од Скопје“.
Интернационалниот кулинар Синиша Салатиќ, ги подучуваше студентите во подготвување на 4 традиционални оброци од италијанската кујна. Со инструкции на врвниот кулинар студентите подговуваа брускети со домати, моцарела и песто, њоки со домати и пармезан, Сати бокала Романа и панакота со прелив од свежи јагоди.
{loadposition content9}