Студентите од ФТУ на дело ја покажаа хуманоста и даруваа крв
Студентите од ФТУ на дело ја покажаа хуманоста и даруваа крв.
Христијан Димовски студент на втора година на охридскиот Факултет за туризам и угостителство е крводарител. Димовски раскажува дека крводарител станал во средно училиште по неговото полнолетство. Денес, по 16 пат, тој се вклучува во уште една крводарителна акција. Младиот хуман oхриѓанец, кој воедно е и спортист, не го крие задолството и нагласува дека е среќен од чувството дека со неговата крв може да спаси нечиј живот и да помогне.
„ Тие се поврзани , спортот и хуманоста, сега се вративме од туризмијада освоивме 3 место во кошарка. Им препорачувам на сите да даруваат крв. Тоа е нешто прекрасно да си хуман и да им помагаш на другите, “ вели студентот Христијан Димовски.
Неговите колешки студентките, Наталија и Зорица, исто така беа дел од студентите кои несебично се вклучија во акцијата. Двете студентки веќе имаат 5 годишно искуство во дарувањето на крв, а препорачуваат секој кој досега не дарувал крв да го почуствува чинот на хуманост со кој се спасува нечиј живот.
Организатор на крводарителната акција што се одржа на ФТУ беа од ОО ЦК, а се реалзира во соработка со Одлденеито за трансфузиологија при Општа болница и ФТУ. Волонтерката од ОО ЦК , Анета Јованоска, е задоволна од текот на акцијата и од одзивот на студентите.
„ Студентите се онаа категорија која сакаме најмногу да ја мотивираме , таа млада крв некому е добредојдена. Досега планираното е веќе надминато , а до крајот на акцијата очекуваме таа бројка да е поголема“, напоменува Јованоска.
Во крводарителната акција се вклучија и претставници од Лајонс клубот Лихнидос , мотиватори и носители на хуманата идеја и мисија како што е кровдрувањето , посочи Јованоска.
Во денешната акција на дарување крв на ФТУ беа собрани 49 единици крв.