Skip to main content

Студентите по информатика ќе аплицираат за избор на најкреативна Android апликација

Студентите по информатика ќе аплицираат за избор на најкреативна Android апликација.

 |  Валентина Неловска  | 
konkurs
konkurs

 

Конкурсот за изработка на апликација за андроид телефони привлече голем интерес на студентите од информатичкиот универзитет Св. Апостол Павле.  11 групи составени од по 3 студенти  ќе изработуваат апликации за Android и I Phone. Вилјам Асијама  е еден од пријавените студенти.

„ Дознавме дека се работи за Android  и IPhone натпревар. Нашиот тим најчесто работи со Windows апликации, но ќе се обидеме да изработиме и со андроид. Очекувам да се забавувам додека работиме на андроид апликацијата бидејќи немаме големо искуство, но сакаме да се испробаме“.
Sv.Apostol
Студентите од „Свети Апостол Павле“ имаат клучна можност за нивната иднина. Преку натпреварот  ќе можат да ги покажат своите квалитети и вештините со кои располагаат, за практично и да ги потврдат на технолошкиот пазар. Со  тоа им се отвара патот кон можни деловни соработки и бизнис успеси, напоменува  Проф. Наум Тунтев координатор на овој проект.  Додава дека веќе имале слично искуство.

„ Комплетно сме изработиле мобилна апликација за фудбалската реперезентација на Македонија. Ова е втор проект каде што ќе се изработи нешто реално кое ќе оди на пазарот. Идејата е да се промовираме како установа, да бидеме познати и да се надеваме дека ќе имаме и други побарувања од корисници“.

Компанијата Техномаркет е организатор на овој конкурс.  Со оваа иницијатива таа вложува во образованието, а на своите клиенти им овозможува поедноставен пристап до производите кои ги нуди, ги презентира нивните карактеристики и ја унапредува можноста за онлајн купувањето. Симнувањето на апликацијата која ќе биде поставена на Play Store  ќе биде бесплатна, укажува  Марија Ристовска маркетинг менаџер од Техномаркет.
konkurs
„ Образованието високо котира на нашата приоритетна листа на области каде што сакаме да оствариме траен белег. Токму тоа  е причината за организирање на иновативен натпревар. Со наша поддршка, а со потенцијалот, капацитетот и широкиот опсег на познавања кои ги поседуваат студентите, сигурни сме дека ќе создадеме врвно и практично решение за современа и најмодерна Аndroid апликација за нашиот ланец на продавници“.   

За изборот на најдоброто идејно решение студентите ќе аплицираат до почетокот на декември. Од понудените решенија тимот на Техномаркет ќе го избере најфункционалното и  најкреативното. Во месец јануари од селектираните апликации врз основа на бодување  ќе се избере најдобрата, а за членовите на победничкиот тим компанијата ќе издвои вредни награди.   

{loadposition content9}