Предложениот модел со студијата најприфатлив, тврдат од ОК на ВМРО ДПМНЕ
Да се критикува отпочнување на процес за градба на затворен пазар повеќе доликува на пофалба за активностите и заложбите на Локалната самоуправа, велат од Ок на ВМРО ДПМНЕ.
Kако Одлука на совет која претходно беше изгласана и од советничката група на СДСМ преку ноќ беспредметно се критикувa, се прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изнесените наводи на пресот на СДСМ за изгласаната физибилити студија за изградба на затворен градски пазар. Добро е што СДСМ низ наводни критики всушност ги промовира капиталните проекти на ВМРО ДПМНЕ, кажа Јованка Дамоска Секулоска. Партијата која што осум години не успеа да направи никаков јавен објект вклучувајќи и затворен пазар кој ќе служи за интересот и потребите на граѓаните на Охрид, денес критикува факт дека Локалната предводена од ВМРО ДПМНЕ отпочна процедура за градење на затворен пазар што е дел од програмата и процес кон исполнување на ветување за кое што гласаа граѓаните, обвини Дамоска Секулоска.
„Моделот кој е предложен во самата физибилити студија во овој момент е најприфатлив со оглед на оставената економска состојба на ЈП Градски пазар од страна на СДСМ. Во овој момент овој е најисплатлив и најбрз начин како конечно да се реши потребата на граѓаните. Деталите околу тоа како точно ќе бидат дефинирани условите и начините за изградба на затворен пазар ќе бидат одредени во рамки на тендерската документација. Исто така потенцираме дека ваквиот начин на осовремување на градскиот пазар ќе предизвика долгорочни позитивни ефекти на самото јавно претпријатие. ВМРО ДПМНЕ секогаш работи за интересите на граѓаните и токму еден ваков капитален објект произлегува од вистинските потреби на Охриѓани, за добивање на еден современ и модерен градски пазар, рече Дамоска Секулоска.
{loadposition content9}