Студијата за влијание врз животната средина за регионалната депонија во Новаци достапна за увид
Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион, за потребите на инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање е ставена на увид.
„Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Министерството за животна средина и просторно планирање – Сектор за одржлив развој и инвестиции, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проект: Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски и Југозападен регион.Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање на веб страницата на Министерствoтона линкот: https://shorturl.at/ruvW0 и во просториите на Општина Новаци.“ – информираат од МЖСПП.
Јавната расправа по Студијата ќе се одржи на ден 31.10.2023 година (вторник) во големата сала на општина Новаци со почеток во 12 часот.