Skip to main content

Субвенции за даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам

Општина Охрид објави Јавен повик за користење на финансиски средства од општинскиот буџет, наменети за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид објави Јавен повик за користење на финансиски средства од општинскиот буџет, наменети за субвенционирање на даватели на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам.
Општина Охрид ќе ги субвенционира трошоците за набавка на урбана опрема, стока од траен карактер во контекст на развој на руралниот туризам, во максимален износ по барање од 30.000 денари со вклучен персонален данок во Форма на еднократна директна парична помош.

За да може да аплицира за користење на субвенции потребно е лицето да поседува валидно решение за вршење на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам, издадено од Градоначалникот на Општина Охрид и да започнало со работа најмалку 1 година пред објавувањето на јавниот повик.

За добивање на субвенции давателите на туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам во град Охрид до комисијата за доделување на субвенции доставуваат: Барање за субвенционирање, ( кое може да се подигне во архивата на Општина Охрид или да се обезбеди од веб страната на Општина Охрид www.ohrid.gov.mk). Кон барањето да се приложи понуда со цени за стоки од траен карактер за чија набавка ќе се користат бараните средства и истите да бидат одобрени од комисијата за субвенционирање. Копија од решение за регистрирање во регистарот за туристички услуги во селски, етно и еколошки туризам, издадено од Градоначалникот на општина Охрид. Финансиската поддршка се обезбедува во рамки на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2026 година, а јавниот повик ќе трае 15 дена од денот на објавување, односно до исцрпување на предвидените средства.