Skip to main content

Ќе има, субвенции за струја

Дел на охридските социјалци си ги барат субвенциите за струја.

 |  Николоска Биљана  | 
biljana socijalno
билјана социјално

Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата за струја, но изминатиов период кај некои корисници имало прекин во исплатата поради технички проблеми. Таа вели дека непотребно е подигање на тензија бидејќи работат на надминување на проблемот.

nikoloska naumoska„Се работи на отстранување на тие технички проблеми и очекуваме во најкраток период да се реши проблемот со исплатата на субвенции и да почне тековно да се исплаќа. Проблемите не се чести и не се случува кај секој корисник. Кај определен број на корисници знае да се случи да дојде со неисплата на субвенција за електрична енергија поради промена на адреса промена на трансакциска сметка и ред други работи“.

Наумоска истакна дека има голем број на корисници кои примаат постојана и социјална помош и не поднеле барање за добивање на овој надомест, иако сите се навремено информирани.

„Право на субвенции за електрична енергија имаат секое лице кое е активен корисник на социјална парична помош или постојана. Значи за да го оствари тоа право поднесува платена сметка за електрична енергија до Центарот за социјална работа, заедно со копија од негова трансакциска сметка“.

ЦСР од Охрид, засега субвенцијата за струја ја исплатува на 70 корисници на социјална помош и на 10 кои примаат постојана парична помош. Бројката на корисници на субвенцијата за струја на државно ниво е некаде околу 60 000. Главната цел на оваа Владина мерка која отпочна со имплементација во октомври 2010 год е да се влијае на намалување енергетската сиромашитја, но, и за подобрување на условите за развој на пазарот на енергетика.

{loadposition content9}