Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем
Субвенции за приватните станоиздавачи од мал обем.
Субвенции ќе добиваат приватните станоиздавачи од мал обем. Во регистaрот на Тлер има околу 2100 регистрирани станоиздавачи. Со Правилникот за нивно субвенционирање Локалната самоуправа ќе ги стимулира сите редовни плаќачи на туристичка такса, информира Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.
„ Со оваа активност сите регистрирани даватели на услуги од мал обем кои редовно плаќаат туристичка такса, 2 пати во годината, на 6 месеци, ќе можат да аплицираат за субвенциите на дел од туристичката такса. Предложено е субвенционирањето да изнесува 50 посто од уплатената туристичка такса. Поволноста со стимулирањето е да се избегнат негативните појави неплаќање на туристичка такса.“
Апостолов напоменува дека голем број од станоиздавачите досега прикривале дел од ноќевањата и при тоа избегнувале да плаќаат туристичка такса, која изнесува 40 денари по гостин. Субвенциите сега ќе значат стимулс плус да се регулира реалниот износ на туристичката такса со бројот на реализирани ноќевања, кажува Апостолов. Лани бројот на ноќевањата пораснал за 3,3 посто, а наплатата на туристичката такса е зголемена за 13,3 посто. Зголемента наплата на туристичката такса се должи на засилената инспекциска контрола и на медиумските кампањи за да се почитува Законот, напоменува Апостолов.
Станоиздавачите од мал обем гледаат позитивно на ваквиот потег на Локалната самоуправа. Задоволни сме ако имаме повраток на туристичката такса, тоа е доста пристојна ставка во нашето работење, вели Топенчарова. Укажува дека тоа би било добро ако е почеток на решавање на нивните бројни проблеми. Таа става примедба на работата на инфо бироата, на лошата категоризација на објектите и добивањето на звездички, а при тоа не се земаат во предвид локациите на објектите. Но, како најгорчив проблем нивен и на општината го лоцира во нелегалните станоиздавачи кои ја избегнуваат оваа законска обврска.
„Најголем проблем се дивите станоиздвачаи. Од нас општината и досега ги имаше парите и ги пријавуваме гостите. Ние не можеме да си дозволиме, а верувам дека 90 посто од нас да иам е гости да не се пријавени не знаеме што гости ќе имаме. Со пријавувањето на гостите се заштитуваме сами себе си. Охрид од срце сакам да биде успешен во туризмот и тие пари од туристичката такса не гледам причина да ги избегнам и ќе ги плаќам.“
На потег сега се охридските советници. На утрешната седница тие ќе се произнесат за предложениот Правилник за субвенционирање на приватните станоиздавачи.Toj беше најавуван од Локалната самоуправа уште минатата година.
{loadposition content9}