Одгледувачите на три житни култури и сончоглед ќе добијат субвенции од државата. За посевите засеани со сончоглед, пченица, пченка и јачмен, земјоделците ќе добиваат финансиски средства.
Со парична помош ќе им се ублажат последиците од високите производствени трошоци, информира Билјана Ѓорческа, в.д.раководител на Агенцијата за поддршка и промоција на земјоделството.
Финансиска поддршка за набавени вештачки ѓубрива, доколку земјоделското стопанство, барателите имаат набавено вешатачки ѓубрива во 2021 и 2022 година. До 31 мај може да се пријават во поддрачаното министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство. Вкупната финансиска поддршка изнесува 4000 денари по хектар за посеаните површини со овие култури – вели Ѓорчева.
Земјоделците ќе имаат можност со помош на субвенции да набават и трактор, но не и приклучна механизација за обработка на земјиштето.
За да се искористи оваа мерка, која ќе ги олесни трошоците на земјоделското производство е потребно да се задоволат одредени услови. Меѓу условите се земјоделецот да има 5000 метри квадратни зеленчук на отворено. Барателот или земјоделското стопанство треба да поседува и најмалку 2 хектари земјоделско земјиште со различни култури житарки или овошни насади – информира Ѓорчева.
Подигнување на нови насади со овошки, лозови насади и медоносна флора е една од поинтересните мерки за субвенционирање на овоштарите од охридскиот регион. Услов е насадите да се подигнати во периодот од 1 април 2021 до 2022 година. Поднесувањето на барањето е до 31 мај.