Субвенции за занаетите кои изумираат
Општина Охрид втора година по ред финснсиски ќе ги помогне охридските занетчии. Најмногу деветнаесет занаетчии од Охрид кои се занимаваат со некој од занаетите кои се дефицитарни или со занаети во изумирање, ќе добијат финансиска помош од општината. Неодамна беше објавен јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање, регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид на подрачјето на општина Охрид.
„Вкупниот фонд на средства е 200.000 денари, или по 12.000 за секој занаетчија поединечно, кој спаѓа во овие дефицитарни занаети или занаети во изумирање.„Листата е доставена до Општина Охрид. Тука се свеќарите, четкарите, чевлари, опинчари, клучари, изработка на хартија, во целост тие се“ – кажа Сашо Богоески – Регионална комора на занаетчии Охрид.
Богоевски објаснува дека од комората ке им помогнат на занаетчиите кои се заинтересирани да го подготват административниот дел и да аплицираат за субвенциите.
„Фиксно е наведено дека секој занаетчија ќе земе по 12 000 денари, но не значи дека сите ќе земат, туку само оние кои ќе достават целосна документација по основ на јавниот повик.„Ние како комора во наредниве денови ќе ги исконтактираме сите 19 занаетчии и ќе им помогнеме да ја комплетираат документацијата и да ја достават до Општина Охрид“ рече Сашо Богоески – Регионална комора на занаетчии Охрид.
Ова е втора година по ред како Општина Охрид издвојува од буџетот средства за доделување на неповратна помош на охридските занаетчии. Минатата година беа издвоени 300. 000 денари за помал број на занаетчии да добијат по 30.000 денари.
„Јас велам секоја помош е добредојдена, без разлика колкава е дали е голема или е мала. Секогаш е мала, никогаш не може да биде доволна. Ако земем во предвид дека трошоците на еден занаетчија се околу 100.000 денари, годишно, овде ст6анува збор за 10% од годишната сума ни ја покрива Општина охрид. Благодарност до Општина Охрид, повторувам дека секоја помош која ни е дадена е добредојдена“ – објасни Сашо Богоески – Регионална комора на занаетчии Охрид.
Има и други видови помош кои им се нудат на занаетчиите. На пример тоа се јавни повици кои ги објавува Министерството за економија, кои обично се за набавка на репроматеријали и за алат, кои не се многу атрактивни за занаетчиите вели Богоевски, нам додава тој, потребни ни се пари за да ги покриеме давачките.