Министерство за здравство
Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид
Од Министерството за здравство вечерва потврдија дека детето утрово било донесено без знаци на живот во Општа болница Охрид.
Министерството за здравство во врска со смртниот случај на дете од година и единаесет месеци во Охрид, соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.
Од Министерството вечерва потврдија дека детето утрово било донесено без знаци на живот во Охридската болница.
” На Одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството за здравство.


