Членовите на „SUP Клуб Охрид“ организираа еколошката акција “СУПер чистење”
Оваа сабота, членовите SUP Клуб Охрид организираа еколошката акција “СУПер чистење” со СУП даски.
Оваа сабота, членовите SUP Клуб Охрид организираа еколошката акција “СУПер чистење” со СУП даски.
На оваа акција се приклучија и членовите на Културолошка иницијатива 5 до 12, JJ Adventures и едриличарски клуб Пират. Беше исчистена плажата Лабино и околните места достапни само по воден пат.
Целта на оваа акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон езерото и природата. СУП Клуб Охрид за стоечко веслање на даска е основан во 2018. Членовите од овој клуб организираат тури и на уникатен начин им ги откриваат убавините на Охрид на странските и домашните туристи.
Целта им е преку спортовите на вода да се зголеми туристичката понуда за активности во Охрид, а воедно и да се зголеми примената на спортско-рекретивните активности.