Skip to main content

Супер радио 22 години се слуша и се сака

Под слоганот „Супер радио не се слуша, Супер радио се сака“, охридското Супер радио денес прославува 22 години од постоењето.

 |   | 
Super Radio Rodenden
Super radio rodenden

Под слоганот „Супер радио не се слуша, Супер радио се сака“, охридското Супер радио денес прославува 22 години од постоењето.

Super Radio Rodenden

Радио Супер важи за една од најпопуларните во Република Македонија и официјално најслушаната локална станица, според анкетата на СРД. Програмата ја емитува на 97.00 во регионот на Охрид и Струга, но и во живо на интернет каде имаат огромен број слушатели од целиот свет. Роденденот го дочекуваат со екипа од дваесетина водители, техничари, Дџ-и и новинари кои произведуваат квалитетна радио програма, која изобилува со одбрана музика, но и информации прилагодени на интересите и потребите на охриѓани. Големо внимание се посветува и на информативната програма, со вестите кои секојдневно се емитуваат на станицата, но и на информативните портали, што го прави медиумот еден од најцитираните и во кои најмногу се верува во западниот дел на Република Македонија.

Направено е комплетно освежување на програмата. Само последниве шест месеци започнавме осум нови радио проекти, а уште еден стартува во текот на следната недела. Програмата е комплетно освежена со нови програмски сегменти, како џинглови и други форми на радио идентификација. Интенцијата е да излеземе од студиото и колку што е можно повеќе програма да се остварува од терен и во живо од интересни места во градот, кафе барови и секаде каде има нешто што е интересно за поширок круг публика. Наскоро имаме и едно посебно изненадување за нашите постари слушатели, но за тоа кога ќе дојде време. Сега полека го подготвуваме новогодишниот дизајн на програмата, вели управителот и директор на програмата, Јане Стефанов.

Стефанов најавува уште многу новитети во програмскиот и техничкиот дел, за „Супер радио да не се слуша, туку едноставно да се сака“.

Програмата на Супер радио денес ќе биде празнична, со многу гости во студиото и награди за слушателите.