Skip to main content

Центар за управување со кризи

На Сушица изграден е заштитен насип и е спречено понатамошното излевање, во Мислешево и Калишта сè уште поплавени дворови и подруми

Вода во подрумите, ниви под вода – состојбата со поплавите во југозападот
 |  инфодеск  |  ,

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на реката Сушица изграден е заштитен насип со багер, со што е спречено понатамошното излевање. Сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации.

Додеваат дека во село Мислешево поплавени се дворови и обработливи земјоделски површини, а процесот на санација е отежнат поради неможност за изведување на пропуст за истек на водата.

Во Калишта, струшко, сè уште има поплавени дворови и подрумски простории и се преземаат дополнителни мерки за санација и заштита на населението.

Од ЦУК за дебарскиот регион информираат дека реката Радика има зголемен водостој, но засега нема опасност од излевање. Патните правци се проодни, со помали одрони на делниците Жировница – Дебар и Дебар – Струга кои редовно се расчистуваат.