Skip to main content

Култура

Света Богородица Болничка

Започна конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид. Црквата датира од 14 век.
 |  Голабовски Крсте  | 
Фрески

Започна конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот во црквата Света Богородица Болничка во Охрид.

Црквата се наоѓа во непосредна близина на Долна Порта, а конзерваторско-реставраторските работи на фрескоживописот се е дел од годишната програма на охридскиот Завод и Музеј. Црквата припаѓа на малите еднокорабни духовни храмови од 14 век, а стариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф, чие дело експертите го сметаат за едно од поубавите остварувања во Охрид.

„Црквата е фреско-живописана со два слоја. Постариот од 14 век и пресликувањата коишто настанале во 1834 година. Со поголеми конзерваторски работи коишто се одвивале 1959-60 – та година вториот слој на живописот е изваден, а потоа е прикажан на посебна подлога и на држачи независно од архитектурата на црквата“, – велат од Завод и Музеј Охрид.

Оштетувањата на фрескосликарството на црквата се предизвикани од влагата којашто транспортира соли врз фреските.Света Богородица и Свети Никола Болнички која се наоѓа веднаш спроти неа според раскажувањето на старите охриѓани се нарекуваат болнички, бидејќи во средниот век тука постоела болница која се користела и како карантин за време на епидемии.