О.У. Св Климент Охридски го одбележа својот патрон
О.У Св Климент Охридски синоќа го одбележа патрониот празник. Вложивме максимални напори прославата да ја издигнеме на едно високо ниво, изјави директорот на училиштето Јордан Пуроски.
„Со моја рака направи без мака“. Вака беше насловена изложбата, односно продажната акција на предмети направени од учениците на О. У. Св Климент Охридски, која што претходеше на големиот настан на ова училиште, приредбата по повод одбележувањето на патронот. Директорот Јордан Пуроски рече дека годинава се потрудиле прославата да биде поразлична од минатата година.
„Сите ученици се вклучени во оваа свечена академија исто така проследивме низа активности во текот на неделата со одбележувањето на Св Климент нашиот патрон“.
Пуроски нагласи дека наредниов период ќе продолжат нивните ангажмани со несмалено темпо, односно престои реализација на бројни проекти кои ќе бидат од исклучителна важност за училиштето.
„Промена на дограмата, градење на училница во природа, реализација на изградба на забавен парк за помалите деца, планираме на уредување на горниот дел од училиштето каде што ни е паркинг просторот, поставување на трибини на училишното игралиште, поставување озвучување во училиштето со што би се поттикнала реализацијата на новинарската секција. Исто така имаме еден интерен проект кој што го поттикнуваме користењето на библиотечниот фонд.“
Традиционално и годинава свеченоста беше пропратена со низа активности. Поздравен говор имаше директорот Пуроски, а беа доделени признанија и награди за најуспешните во колективот. Свеченоста беше збогатена со музичка програма, а присутните во преполната сала имаа можност да ја гледаат и да уживаат во театарската претстава „Бегалка“, која за оваа пригода ја подготвија учениците на О.У. „Св. Климент Охридски“.
{loadposition content9}