Во Охрид се прават свадби од бајките
Охрид примамлив за младенците. Многу парови од земјава но и од странство се одлучуваат токму тука
да го кажат своето судбинско да. Специјализираните студија кои се занимаваат со организирање на вакви свечености им излегуваат во пресрет на нивните барања. Свадбите се повеќе наликуваат на оние од по филмовите.
Михајло и Стејси кои живеат во Јоханесбург во Јужна Африка, решиле својата љубов да ја крунисаат со брак токму во Охрид. Михајло кој по потекло е од охридско пред две години кога за прв пат ја донесол Стејси во Охрид решил да ја побара за жена и тоа додека се шетале по кејот на езерото. Тогаш се договориле дека ако прават свадба таа ќе биде токму овде.
Идејата ни дојде да правиме во Охрид свадба бидејќи моето потекло е од тука, но и поради убавината на овај град. Никаде во светот нема поубаво место. Јас уште кога ја сретнав Стејси многу ја засакав и посакав цел живот да сме заедно. Пресреќен сум што ќе правиме свадба токму овде и што таа ќе стане македонка, вели Михајло Наумоски.
Стејси е многу возбудена бидејќи за неа тука е се ново и непознато. Таа ќе биде невеста по сите македонски обичаи, а свадбата ќе биде традиционална. Дури научила и неколку македонски ора за да може да игра заедно со сватовите.
Не можам да замислам друго место во кое би сакала да стапам во брак со љубовта на мојот живот. Се заљубив во градот, луѓето, традицијата, неговото семејство кои со раширени раце ме прифати, вели Стејси Ванзил.
Во летниот период охридските хотели се целосно букирани за свадби. Интересот за нашиот град како интересна дестинација за свадбен туризам од година во година расте. Покрај што тука судбоносното да го кажуваат македонци кои живеат во странство, во Охрид свадби прават и странци. Специјализираните студија кои се занимаваат со организирање на вакви свечености им излегуваат во пресрет на нивните барања. Свадбите се повеќе наликуваат на оние од по филмовите. Некои од клиентите сакаат гламур, а некои преферираат амбиентот да биде што поприроден со природни материјали како што е јутата,а аранжманите да се со полско цвеќе. Тренд е свадбите да се на отворено, велат од студиото ИМПАКТ ГРУП. Многу се полага и на свадбените видеа и фотографии. Се користат дронови но и подводни снимања во езерото. Техниката е тука да ги исполни и најнеобичните желби на малденците при снимањето на спотот за нивната љубовна приказна, вели Ѓоко Наумоски од Мега продукција.
И македонците и странците се помалку ги практикуваат традиционалните свадби. Тие трошат повеќе пари и време за да направат нешто необично и несекојдневно што ќе се памти цел живот. Нивните желби и побарувања се најразлични дури некогаш и тешко изводливи, но ние се трудиме да им излезиме во пресрет, вели Наумоски.
Наумоски кажува дека Охрид има прекрасни можности за развој на венчален туризам. Само ова лето Мега продукција снимила педесетина свадби од кои најголемиот дел биле на наши иселеници во странство или странци. Но сугерира да се подобри инфраструктурата за гостите полесно и побрзо да стигнат до тука, а и да се направат полуксузни угостителски објекти за оние со подлабок џеб кои бараат гламур.
{loadposition content9}